Уште од првата сесија се чувствував безбедно.
Многу трпелива и внимателна.
Научивме конкретно како да разговараме без кавги.
Навистина знае да слуша. Ви благодариме!
Здраво, јас сум Ивана Петровска, гешталт психотерапевт. Осум години работам со возрасни што се соочуваат со анксиозност, траума и тешкотии во врските. Гешталт пристапот ми овозможува да работиме со она што се случува тука и сега. Работам и со теми поврзани со сексуалното здравје и идентитетот, во безбеден и прифаќачки простор. Сесиите ги водам на македонски и англиски.